
16. SIM услуги
Вашата SIM картичка може да обезбеди дополнителни
услуги. Можете да пристапите до ова мени само ако тоа
е поддржано од вашата SIM картичка. Името и
содржината на менито зависат од достапните услуги.
S I M у с л у г и
© 2007 Nokia. Сите права се задржани.
56
Услужно сандаче

За постоењето и информациите за користење на
услугите со SIM картичката, контактирајте го Вашиот
продавач на SIM картички. Тоа може да биде Вашиот
провајдер на услуги или друг продавач.
17. Информација за
батеријата
Полнење и празнење
Вашиот уред се напојува со струја од батерија што се
полни. Батеријата може да се полни и празни стотици
пати, но на крајот ќе се истроши. Кога времињата за
разговор и standby се значително пократки од
нормално, заменете ја батеријата. Користете само
батерии одобрени од Nokia и полнете ја само Вашата
батерија само со полначи одобрени од Nokia наменети
за овој уред.
Ако заменетата батерија се користи за прв пат или ако
батеријата не е користена подолго време, може да е
неопходно да го приклучите полначот и потоа да го
исклучите и повторно да го вклучите за да започне
полнењето.
Отстранете го полначот од електричниот приклучок и
од уредот кога не е во употреба. Не оставајте ја целосно
наполнетата батерија поврзана за полначот, затоа што
преполнувањето може да го скрати нејзиниот живот.