
Пренос на податоци
Вашиот телефон дозволува пренос на податоци
(календар, податоци за контакти и белешки) со
П о с т а в к и
© 2007 Nokia. Сите права се задржани.
41

компатибилен компјутер, друг компатибилен уред или
далечински интернет сервер (мрежна услуга).
Листа на контакти за пренос
За да копирате или синхронизирате податоци од
вашиот телефон, името на уредот и поставките мораат
да бидат во листата на контакти за пренос.
За да додадете нов контакт за пренос на листата (на
пример, мобилен телефон), изберете Мени >
Прилагоду. > Конектив. > Преф. на пода. >
Опции > Додај контакт > Синхро. на тел. или Тел.
копирање и внесете ги поставките според типот на
пренос.
Пренос на податоци со компатибилен уред
За синхронизација, користете ја врската Bluetooth
безжична технологија. Другиот уред мора да биде
активиран за примање на податоците.
За да почнете пренос на податоците, изберете Мени >
Прилагоду. > Конектив. > Преф. на пода. и
контактот за пренос од листата, различен од Сервер
синх или PC синх. Според поставките, избраните
податоци се копираат или синхронизираат.
П о с т а в к и
© 2007 Nokia. Сите права се задржани.
42

Синхронизирање од компатибилен
компјутер
За да синхронизирате податоци од календар, белешки
и контакти во вашиот компјутер, инсталирајте го
софтверот Nokia PC Suite од вашиот телефон на
компјутерот. Користете Bluetooth безжична
технологија за синхронизацијата и започнете ја
синхронизацијата од компјутерот.
Синхронизирање од сервер
За да користите далечински интернет сервер,
претплатете се на услуга за синхронизација. За повеќе
информации и бараните поставки за оваа услуга,
контактирајте со вашиот добавувач на услуги.
За да ја почнете синхронизацијата од вашиот телефон,
изберете Мени > Прилагоду. > Конектив. > Преф.
на пода. > Сервер синх.