
За вашиот уред
Безжичниот уред опишан во ова упатство е одобрен за
употреба на мрежите EGSM 900 и GSM 1800. За повеќе
информации за мрежите контактирајте со вашиот
добавувач на услуги.
Кога ги користите одликите на овој уред, послушајте ги
сите закони и почитувајте ги локалните обичаи,
приватноста и легитимните права на другите,
вклучувајќи ги и авторските права.
Заштитата на авторските права може да спречи некои
слики, музика (вклучувајќи и тонови на ѕвонење) и
други содржини да бидат копирани, модифицирани,
префрлени или препратени.
Предупредување: За да користите било која
одлика на овој уред, освен алармот, уредот мора да е
вклучен. Не вклучувајте го уредот кога употребата на
безжичен уред може да предизвика интерференција
или опасност.