
Местење на радио станици
ФМ радиото зависи од антена која што е различна од
антената на безжичниот уред. Компатибилна слушалка
или додаток треба да биде прикачен на уредот за ФМ
радиото да функционира правилно.
Предупредување: Слушајте ја музиката на
умерено ниво. Континуираното изложување на висока
јачина на звук може да го оштети Вашиот слух.
Изберете Мени > Медиа > Радио или во режимот на
чекање, притиснете и држете *.
Ако веќе сте зачувале радио станици, движете нагоре
или надолу за префрлање меѓу станиците, или
притискајте соодветни нумерички копчиња на
мемориската локација на саканата станица.
М е д и у м и
© 2007 Nokia. Сите права се задржани.
48

За да барате соседна станица, притиснете и држете го
копчето за движење лево или десно.
За да ја зачувате станицата која сте ја наместиле,
изберете Опции > Зачувај ја стан..
За да ја прилагодите гласноста, изберете Опции >
Јачина на звук.
За да го оставите свирењето на радиото во позадината,
притиснете го копчето за крај. За да го исклучите
радиото, притиснете и држете го копчето за крај.