
7. Контакти
Изберете Мени > Контакти.
Можете да снимате имиња и телефонски броеви во
меморијата на телефонот и во меморијата на SIM
картичката. Телефонската меморија може да зачува
контакти со броеви и текстуални ставки. Имиња и
броеви снимени во меморијата на SIM картичката, се
означени со
.
За да додадете контакт, изберете Имиња > Опции >
Додај нов конт.. За да додадете детали на контакт,
уверете се дека меморијата во употреба е Телефон или
Телефон и SIM. Изберете Имиња, дојдете до името и
изберете Детали > Опции > Додај детал.
За да барате контакт, изберете Имиња и движете се низ
листата со контакти или внесете ги првите букви од
името за барање.
К о н т а к т и
© 2007 Nokia. Сите права се задржани.
34

За да копирате контакт помеѓу телефонската меморија
и меморијата на SIM картичката, изберете Имиња >
Опции > Копирај контакт. Меморијата на SIM
картичката може да зачува само еден телефонски број
за секое име.
За да изберете SIM картичка или телефонска меморија
за вашите контакти, за да изберете како се прикажани
имињата и броевите во контакти и за да го видите
слободниот и искористениот мемориски капацитет за
контакти, изберете Прилагод..
Може да праќате и примате контакт информации за
личност како визит-карта од компатибилен уред кој го
поддржува стандардот vCard. За да пратите визит-
карта, изберете Имиња, побарајте го контактот чии
информации сакате да ги пратите и изберете Детали >
Опции > Исп. биз. карт..