Nokia 2600 classic - Информација за батеријата

background image

И н ф о р м а ц и ј а з а б а т е р и ј а т а

© 2007 Nokia. Сите права се задржани.

57

background image

Ако не се користи, целосно наполнетата батерија ќе го

изгуби своето полнење со текот на времето.
Ако батериојата е целосно испрзнета, може да потрае

неколку минути пред индикаторот за полнење да се

појави на екранот или пред да можат да се направат

било какви повици.
Користете ја батеријата само за наменетата цел.

Никогаш не користете било каков полнач или батерија

што е оштетена.
Не предизвикувајте краток спој со батеријата. Случаен

краток спој може да се случи кога метален објект како

што е монета, спојувалка или пенкало предизвика

директно поврзување на позитивниот (+) и

негативниот (-) крај на батеријата. (Тие изгледаат како

метални ленти на батеријата.) Ова може да се случи, на

пример, кога носите резервна батерија во Вашиот џеб

или ташна. Краткото спојување на краевите може да ја

оштети батеријата или објектот што е поврзан.
Оставањето на батеријата на топли и ладни места, како

што е затворен автомобил во летни или зимски услови,

ќе го намали капацитетот и векот на батеријата.

Секогаш обидувајте се да ја чувате батеријата помеѓу

15°C и 25°C (59°F и 77°F). Уред со топла или ладна

батерија може привремено да не работи, дури и кога

батеријата е целосно наполнета. Работата на

И н ф о р м а ц и ј а з а б а т е р и ј а т а

© 2007 Nokia. Сите права се задржани.

58

background image

батеријата особено е ограничена на температури

значително под точката на мрзнење.
Не ги фрлајте батериите во оган бидејќи може да

експлодираат. Батериите можат исто така да

експлодираат ако се оштетат. Фрлете ги батериите во

согласност со локалните регулативи. Ве молиме

рециклирајте кога е можно. Не фрлајте ја како отпад од

домаќинството.
Не ги расклопувајте или делите ќелиите или батериите.

Во случај на течење на батеријата, не дозволувајте

течноста да дојде во контакт со кожата или очите. Во

случај на такво течење, веднаш измијте ги Вашите кожа

и очи со вода или побарајте медицинска помош.